Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека САД направиле грешка што се закануваат со нови царини врз европските земји поради нивното противење на намерата на американскиот претседател Доналд Трамп САД да го анектираат Гренланд.

„Примената на царини на сојузници заради тежнеење кон колективната безбедност на сојузниците во НАТО е целосно погрешна. Се разбира, за тоа дректно ќе разговараме со американската администрација“, ја пренесува Ројтерс изјавата на Сармер.

САД се закани на неколку европски земји, меѓу кои и Британија со царини од 10 насто веднаш, а од први јули и со нови 25 насто царини, доколку продолжат да се противат на американските планови за преземање на Гренланд.

Слични новости

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари за барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска би можела да ги заврши акциите во Иран во рок од две до три недели.