Револуционерна студија на медицинското училиште во Харвард отрки значајна врска меѓу куќната температура и когнитивните перформанси кај лицата постари од 65 години.

Учесниците во студијата пријавиле најмалку тешкотии кога температурата во домот била меѓу 20 и 24 степени целзиусови. Флуктуацијата на температурата -нејзиното зголемување или намалување негативно влијаеле врз интелектуалните функции на луѓето.

Причините за забрзано когнитивно стареење може да бидат различни, вклучувајќи и генетски фактори, стрес, депресија или нездрав начин на живот. Но, во новата студија научниците за прв пат се фокусираа на темпретаурата во домот.

Реултатите на студијата бараат нов поглед на глобалниот проблем на климатските промени, кои како што сега е докажано, може да претставуваат опасност во смисла и на забрзано стареење на мозокот.

Слични новости

По 40 години Duran Duran повторно ќе настапува во Санремо

По 40 години Duran Duran повторно ќе настапува во Санремо

Четири децении по нивниот историски прв настап во Италија во Санремо во 1985 година, британскиот синт-поп бенд Duran Duran повторно ќе настапи на годишниот музички фестивал, објави неговиот менаџер и уметнички директор Карло Конти