Производите кои се темелат врз вредностите како што е Чат ГТП неизбежно би одразувале американски доминантни политички, општествени и културни вредности во своите одговори на прашањето на корисниците. Тоа носи ризик, врвната технологија на ВИ да ја контролираат неколку компании со седиште во САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави вложувања на приватниот сектор за финансирање на инфраструктурата за вештачката интелигенција со цел да ги надмине конкурентските нации во оваа технологија.
Нарекувајќи го проектот „ далеку најголем“ за развој на вештачката интелигенција во човековата историја, Трамп рече дека заедничкото вложување под името Старгејт ќе изгради центри за податоци и ќе отвори повеќе од 100.0000 работни места во САД.
Овие компании, заедно со други акционери на Старгејт, вложија милијарди долари во актуелните вложувања, а се очекува во наредните четири години да се случат преостанатите вложувања.
Станува збор за заеднички потфат на Опен АИ, Оракл, Софтбанк и МГХ кои планираат да вложат 500 милијарди долари во идните четири години за изградба на центри за податоци потребни за развојот на проектите за вештачка интелигенција во САД.
Првата инекција од 100 милијарди долари почнува веднаш, соопшти Опен АИ, а технологијата ќе ја обезбедат Арм, НВИДИА и Мајкрософт.
Променети се и ограничувањата во развојот на вештачката интелигенција.
Во октомври 2023 поранешниот американски претседател Џо Бајден издаде сеопфатна извршна наредба за регулирање на развојот на вештачката интелигенција, поради се поголемата загриженост за нејзиниот потенцијален ефект врз се, почнувајќи од националната безбедност, па се до јавното здравје. Наредбите вклучуваа одредби со кои најмоќните програмери на ВИ модели мораат да ја известат владата за својата работа и да ги дадат резултатите од тестовите на безбедност.
Но, уште првиот ден откако стапи на функцијата, Трамп ги поништи овие наредби, а Старгејт и другите проекти на ВИ веќе нема да подлегнуваат на национални развојни насоки. Одлуката на Трамп беше поздравена во ВИ заедницата.
Но, има загриженоста за неконтролиран развој на ВИ како во САД, така и надор од Америка. Производите кои се темелат врз вредностите како што е Чат ГТП неизбежно би одразувале американски доминантни политички, општествени и културни вредности во своите одговори на прашањето на корисниците. Тоа носи ризик, врвната технологија на ВИ да ја контролираат неколку компании со седиште во САД.
„Таков монопол би ги направил економиите на другите земји зависни од американската технологија, давајќи му на Вашингтон голема политичка моќ врз контролата на извозот и преку санкции. Сите земји освен САД би го загубиле технолошкиот суверенитет, а другите сектори кои зависат од ВИ исто така би страдале поради неконкурентност“, изјави Холгер Хос професор за ВИ на германскиот универзитет во Ахен, кој е претседател на Одборот на конфедерацијата на лаборатории за истражување на ВИ во Европа.
Се смета дека кој ќе биде лидер во оваа сфера ќе биде владар на светот. Во 2017 Кина претстави планови за доминација во сферата на ВИ.
Исто така, се смета дека оној што води во ова технолошко напредување ќе има огромни економски предности и затоа САД вложуваат толку многу во оваа сфера.
Слични новости
Трамп тргна силно и веќе потпиша десетици извршни декрети
Првите часови по стапувањето на вториот мандат, Трамп прогласи вонредна состојба на јужната граница со Мексико и распоредување на војската, нареди повлекување на Америка од Светската здравтсвена организација и помилува 1.600 учесници на насилните протести од упадот на Капитол во 2021.
Трамп и Европа: Затнете го носот и поклонете се
Треба да се заборави бинарниот, пристапот од Студената војна „со нас или против нас“. Многу земји се подготвени да бидат блиски со САД политички, со...
Прекин на огнот во Газа: Хамас испрати имиња на заложнички, борбите запрени
Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа стапи на сила во неделата, речиси три часа по првично договорениот рок, запирајќи ја 15-месечната војна која донесе пустош и сеизмички политички промени на Блискиот исток