Американскиот ланец на кафетерии Старбакс соопшти дека не планира да го купи ланецот на ресторнаи со мексиканска храна Чипотле мексикан грил.

Со тоа Старбакс ги оконча шпекулациите за можно преземање на ланецот ресторани кое можеше да биде најголемата аквизција во историјата на ресторанската индустрија, пренесува Ројтерс.

„Во согласност со нашата политика, не коментираме озборувања, гласини и шпекулации, но сакаме јасно да кажеме дека не го купуваме Чипотле“ изјави портпаролот на Старбакс.

Слични новости