Во средата на Волстрит се тргуваше внимателно, а индексите останаа речиси непроменети, бидејќи инвеститорите стравуваат од ескалација на војната меѓу Русија и Украина и затоа што не сакаат да ризикуваат пред објавувањето на деловните резултати на технолошкиот гигант „Nvidia“.
Индексот Dow Jones зајакна 0,32 отсто, на 43.408 поени, а S&P 500 за еден поен, на 5.917 поени. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,11 отсто, на 18.966 поени.
Инвеститорите се претпазливи бидејќи стравуваат од ескалација на војната меѓу Русија и Украина, откако Украина истрела проектили со долг дострел од американско шроизводство кон Русија, а рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија може да размисли за употреба на нуклеарно оружје доколку биде нападната со конвенционални ракети поддржани од нуклеарна сила.
Дополнително, инвеститорите не сакаа да преземаат ризици пред деловниот извештај на „Nvidia“.Откако претходниот ден скокна за речиси 5 отсто, цената на акцијата на производителот на чипови со вештачка интелигенција вчера благо падна. Во продолженото тргување по затворањето на Волстрит, цената на аакцијата на „Nvidia“ падна за дополнителни 2 отсто, иако компанијата објави нешто подобри резултати од очекуваните.
На европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,17 отсто, на 8.085 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,29 отсто, на 19.024 поени, а париски CAC 0,43 отсто, на 7.198 поени.
Слични новости
Европските инвеститори претпазливи
На европските берзи во четвртокот во претпладневното тргување индексите благо пораснаа, надоместувајќи дел од вчерашните загуби, а инвеститорите се фокусирани на деловните резултати на технолошкиот гигант „Nvidia“
Биткоинот прв пат ја надмина вредноста од 97.000 долари
Се очекува дека цената на биткоинот годинава ќе достигне 100.000 долари, а дека двојно ќе се зголеми до крајот на 2025. ЦНБЦ соопшти дека биткоинот порасна за повеќе од 127 насто во оваа година.
Доларот зајакна, цената на нафтата порасна
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата со валути се зголеми во четвртокот во раното претпладневно тргување, бидејќи доларот се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња