На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира во претпладневното тргување во вторникот.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,88 поени, речиси исто како и вчера во ова време.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 153,85 на 154,10 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0510 долари, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 1,0515 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, стагнираат. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за само 0,05 отсто, на 73,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,03 отсто, на 70,70 долари.

globe

Слични новости

Волстрит падна по новите пресврти на Трамп

Волстрит падна по новите пресврти на Трамп

Берзанските индекси паднаа на Волстрит во четвртокот, при што Nasdaq падна во територијата на корекција, бидејќи тег беше неизвесноста на инвеститорите околу трговската политика на Вашингтон

ЕСВ повторно ги намали каматните стапки

ЕСВ повторно ги намали каматните стапки

Европската централна банка (ЕСВ) во четвртокот ги намали каматните стапки во еврозоната за уште една четвртина од процентниот поен, поддржувајќи ја нестабилната економија и пригушеното кредитирање во услови на зголемена неизвесност