На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира во претпладневното тргување во вторникот.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,88 поени, речиси исто како и вчера во ова време.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 153,85 на 154,10 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0510 долари, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 1,0515 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, стагнираат. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за само 0,05 отсто, на 73,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,03 отсто, на 70,70 долари.

globe

Слични новости

Раст на европските берзи

Цените на акциите пораснаа на европските берзи во понеделник претпладнето, најмногу во одбранбениот сектор, бидејќи челниците на Европската унија најавија зголемени инвестиции во одбраната и дополнителна помош за Украина во војната со Русија

Доларот падна, нафтата поскапе

На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути во понеделникот во претладневното тргување изгуби дел од минатонеделните добивки

Доларот зајакна во однос на кошницата валути, еврото под притисок

Доларот зајакна во однос на кошницата валути, еврото под притисок

На валутните пазари американскиот долар порасна во однос на кошницата валути минатата седмица, по трите седмици пад, додека еврото ослабе, бидејќи избледеа надежите дека наскоро ќе започнат мировните преговори меѓу Русија и Украина