На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира во претпладневното тргување во вторникот.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,88 поени, речиси исто како и вчера во ова време.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 153,85 на 154,10 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0510 долари, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 1,0515 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, стагнираат. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за само 0,05 отсто, на 73,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,03 отсто, на 70,70 долари.
Слични новости
Инфлацијата во Германија попуштила во март
Инфлацијата во Германија ослабела на 2,2 отсто во март, со значително посилен пад на цените на енергенсите и благ пораст на цената на услугите
И италијанската централна банка во минус и во 2024.
И италијанската централна банка ја заврши 2024 година со загуба поради рестриктивната монетарна политика на Европската централна банка (ЕСВ), но сепак ќе уплати 644 милиони евра во државната каса, изјави во понеделникот гувернерот Фабио Панета
Остар пад на европските и азиските берзи на почетокот од седмицата
Цените на акциите остро паднаа на европските берзи во понеделник во претпладневното тргување, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека реципрочните царини што ќе ги воведе следните денови ќе ги опфатат сите земји