На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира во претпладневното тргување во вторникот.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,88 поени, речиси исто како и вчера во ова време.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 153,85 на 154,10 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0510 долари, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 1,0515 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, стагнираат. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за само 0,05 отсто, на 73,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,03 отсто, на 70,70 долари.
Слични новости
Канада и Мексико возвраќаат на американските царини
САД денеска воведоа нови царини од 25 отсто на увозот од Канада и Мексико, како и двојно зголемување на царините за кинеска стока, што предизвика нов бран трговски тензии со трите најголеми американски трговски партнери.
Кина воведува контрамерки -дополнителни царини за производи од САД
Кина од 10 март ќе воведе дополнителни царини од 10 до 15насто на одредени производи од САД, како одговор на новите тарифи за кинеска стока што ги наметна Вашингтон, соопшти министерството за финансии на Кина.
Во четвртиот квартал лани 9.562 слободни работни места
Бројот на слободни работни места во четвртиот квартал лани изнесува 9 562, а најголем број, 2 149, има во втората група занимања – Стручњаци и научници