На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира во претпладневното тргување во вторникот.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,88 поени, речиси исто како и вчера во ова време.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 153,85 на 154,10 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0510 долари, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 1,0515 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, стагнираат. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за само 0,05 отсто, на 73,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,03 отсто, на 70,70 долари.
Слични новости
БДП со стапка на раст од 3,2 проценти во четвртиот квартал лани
Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во државава во четвриот квартал лани е 3,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС)
Остар пад на берзите во Европа и Азија, следејќи ги движењата на Волстрит
Европските берзи остро паднаа во вторникот во претпладневното тргување, бидејќи инвеститорите стравуваа од трговска војна откако Вашингтон воведе царини за увоз од Канада и Мексико
Канада и Мексико возвраќаат на американските царини
САД денеска воведоа нови царини од 25 отсто на увозот од Канада и Мексико, како и двојно зголемување на царините за кинеска стока, што предизвика нов бран трговски тензии со трите најголеми американски трговски партнери.