На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира во претпладневното тргување во вторникот.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,88 поени, речиси исто како и вчера во ова време.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 153,85 на 154,10 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0510 долари, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 1,0515 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, стагнираат. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за само 0,05 отсто, на 73,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,03 отсто, на 70,70 долари.
Слични новости
Цените на нафтата паднаа до 70 долари
Цените на нафтата паднаа кон нивото од 70 долари во вторникот на меѓународните пазари, бидејќи водечките производители потврдија дека имаат намера да ја зголемат понудата од април
Раст на цените на кафето за 20 отсто од почетокот на годината
Бразилските фармери на кафе речиси ги испразнија своите магацини, половина година пред новата жетва, поради порастот на побарувачката што речиси двојно ги зголеми цените во изминатите 14 месеци
Невработеноста во еврозоната стабилна во јануари
Невработеноста во еврозоната и во Европската унија била стабилна во јануари, покажа во вторникот објавениот извештај на Европскиот завод за статистика