На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира во претпладневното тргување во вторникот.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,88 поени, речиси исто како и вчера во ова време.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 153,85 на 154,10 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0510 долари, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 1,0515 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, стагнираат. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за само 0,05 отсто, на 73,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,03 отсто, на 70,70 долари.

globe

Слични новости

Нафтата поевтини до 69 долари

Цените на нафтата паднаа во средата на меѓународните пазари на 69 долари, како резултат на одлуката на водечките производители да ја зголемат понудата, надоврзувајќи се стравувањата на инвеститорите дека бранот царини може да ѝ наштети на економијата и побарувачката за енергенси

Европските берзи враќаат дел од загубите, раст во претпазливото тргување во Азија

Европските берзи враќаат дел од загубите, раст во претпазливото тргување во Азија

На европските берзи индексите значително пораснаа во средата претпладнето, враќајќи дел од вчерашните загуби, бидејќи инвеститорите се надеваат на смирување на тензиите меѓу САД, Канада и Кина