На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира во претпладневното тргување во вторникот.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,88 поени, речиси исто како и вчера во ова време.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 153,85 на 154,10 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0510 долари, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 1,0515 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, стагнираат. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за само 0,05 отсто, на 73,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,03 отсто, на 70,70 долари.
Слични новости
Волстрит зајакна по два дена остри падови
Цените на акциите пораснаа на Волстрит во средата, по два дена остар пад, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од пораките од Белата куќа кои укажуваат на олеснување на царините од Вашингтон
Нафтата поевтини до 69 долари
Цените на нафтата паднаа во средата на меѓународните пазари на 69 долари, како резултат на одлуката на водечките производители да ја зголемат понудата, надоврзувајќи се стравувањата на инвеститорите дека бранот царини може да ѝ наштети на економијата и побарувачката за енергенси
Пониските цени на литиумот го турнаа рударскиот гигант во загуба
Чилеанската компанија минатата година ја завршила со нето загуба од 404,4 милиони долари. Во 2023 година работела со нето добивка од две милијарди долари