На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира во претпладневното тргување во вторникот.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,88 поени, речиси исто како и вчера во ова време.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 153,85 на 154,10 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0510 долари, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 1,0515 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, стагнираат. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за само 0,05 отсто, на 73,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,03 отсто, на 70,70 долари.
Слични новости
Германските потрошувачи претпазливи во очекување на новата влада
Германските потрошувачи сигнализираат претпазливост во очекување на новата влада и планираат повторно повеќе да штедат во април
Европските берзи се движат кон седмични загуби
Цените на акциите паднаа трет ден по ред на европските берзи во петокот во претпладневнот тргување, па се на патот на седмични загуби, што е последица од сравувањата на инвеститорите о ескалација на царинската војна
Доларот стагнира, нафтата благо поевтини, рекорд на златото
На девизните пазари вредноста на американскиот долар во петокот во претпладневното тргување стагнира во однос на кошницата валути