Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија со загриженост констатира дека се појавува пракса во која Владата систематски одбива да одговара на новинарски прашања и го ограничува пристапот до информации од јавен интерес.
Истата се повтори и на вчерашниот настан на кој владиниот Пи-ар одговараше селективно на новинарски прашања.
ССНМ потсетува дека ПР службата на Владата има јасна обврска да одговори на секое новинарско прашање — без право да толкува дали прашањето „заслужува“ одговор или не.
Одлуката за тоа кои прашања се релевантни не се во надлежност на владините комуникациски служби — тоа е во надлежност на новинарите, медиумите и јавноста. Ваквата пракса не смее да продолжи.
ССНМ бара Владата итно да воспостави редовна и отворена комуникација со медиумите, да овозможи пристап до информации од јавен интерес и да ги почитува стандардите на медиумската слобода загарантирани со Устав.
Слични новости
Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември
Забраната се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, а ќе трае од 1 до 30 септември.
Пожар над православните гробишта во Тетово – се интервенира и со хеликоптер
Од околу 11 часот и 30 минути е почнат пожар над православните гробишта во Тетово на ридот Балтепе. Тетовските пожарникарите по пријавата почнале со интервенција на огнот кој се појавил во објект, па се шири во правец на врвот на ридот.
Арените на македонски јазик зрачат нелегално, објавија ММА и МРТ
ММА и МРТ имаат материјални докази дека спортските канали Arena M1, M2 и M3 Premium подолг период работат без домашна дозвола, а нашиот регулатор АВМУ на волшебен начин ги третира како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Македонија


