ССМ, утре почнува со блокади. Во 9 часот наутро прво ќе го парламентот. Во следните денови ССМ ќе ги блокира бизнис секторот и Владата.

ССМ  бара раст на минималецот на 600 евра, а сите останати плати да се зголемат за најмалку 100 евра. Премиерот пак стои на ставот дека зголемувањето на платите ќе се одвива според законското решение.

Претходно Владата и УПОЗ договорија околу 11 илјади административци до 2028 година да добијат околу 40 отсто повисока плата.

Со договорот, вработените во управата и правосудството оваа и наредните две години ќе добијат плус  8 отсто покачување на платата во која ќе биде  пресметан износот од законското зголемување на минималецот.

 

Слични новости

СДСМ денеска одржува Конгрес

СДСМ денеска одржува Конгрес

Првиот човек на сдсм, Венко Филипче смета дека поранешни членови на партијата и функционери одработувале за власта и наместо да се занимаваат со, како што рече, лошите политики на актуелната влада, тие пак и натаму се занимаваат со СДСМ.