ССМ, утре почнува со блокади. Во 9 часот наутро прво ќе го парламентот. Во следните денови ССМ ќе ги блокира бизнис секторот и Владата.
ССМ бара раст на минималецот на 600 евра, а сите останати плати да се зголемат за најмалку 100 евра. Премиерот пак стои на ставот дека зголемувањето на платите ќе се одвива според законското решение.
Претходно Владата и УПОЗ договорија околу 11 илјади административци до 2028 година да добијат околу 40 отсто повисока плата.
Со договорот, вработените во управата и правосудството оваа и наредните две години ќе добијат плус 8 отсто покачување на платата во која ќе биде пресметан износот од законското зголемување на минималецот.
Слични новости
Нема одлагање на законот за пушење
Законот за пушење ќе стапи на сила по неговото донесување согласно роковите. Фазноста се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор
УХМР предупреди на високи водостои на Вардар и Треска
Според УХМР од денеска се очекува зголемување на водостојот на реката Вардар во средниот дел од течението, предупредуваат на внимателно движење покрај реките.
ЦУК: Поплави во Кичево, Гостивар и Сарај
Во Југозападниот регион, во Кичево е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала Христо Узунов.


