Нова блокадата и нов протест пред генерален штрајк. Сојузот на синдикатите на Македонија денеска во 11 часот ги блокира вратите на Владата со исто барање, поддршка за предлогот за 600 евра минималец и сто евра раст на останатите плати, но и со истиот аргумент, стандардот на граѓаните не може да ја издржи скапотијата.

Од ССМ очекуваат дека ќе наидат на разбирање и посочуваат дека Владата има можност да донесе одлука за зголемување на платите на работниците.

Доколку владата не им излезе во пресрет на барањата, ССМ најави генерален штрајк во јавниот и приватниот сектор.

На протестот беа 24 луѓе, колку што има министри во владата.

Слични новости

Доближени ставовите меѓу УПОЗ и Владата за покачување на платата

Финансискиот дел е речиси усогласен и прифатлив и за синдикатот и за Владата останува делот со условот кој централната власт го постави, откажување од општиот колективен договор и потпишување на индивидуални договори.

Зголемувањето на минималната плата на 600 евра ќе затвори многу дуќани, реагираат занаетчиите

Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање на голем број на занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.