Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести во април доколку не се постигне договор за зголемување на платите. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција најостро ги осуди политичките напади врз синдикатот и рече дека нема да дозволат работничката класа да се става во подредена положба.
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) подаде рака за преговори, но испрати и ултиматум до Владата, повикувајќи на итно зголемување на платите и предупреди дека ССМ нема да биде виновен за протестите доколку не се постигне договор, рече Трендафилов додавајќи дека протестите би се одржале на 2 и 7 април пред Владата.
Потсети дека Владата ги повлекла членовите од Комисијата за утврдување на репрезентативност со цел, како што рече, да имаат изговор да кажат дека платите не треба да се зголемат.

Трендафилов најави дека во наредниот период, седниците на Претседателството на Советот и највисоките раководства на ССМ ќе се одржуваат на отворено.
„Претседателството донесе одлука врз основа на која во наредниот период седниците на Претседателството на Советот и највисоките раководства на органите и телата ќе се одржат на отворено и пред работодавачите и пред Владата како досега што го правевме тоа на претходната влада, имајќи предвид дека во 2022 година токму на таков начин обезбедивме 2.806 денари“, рече Трендафилов.
Слични новости
Чупеска: Уставниот поредок на удар, наместо реформи, власта прави упад во правосудството
Според Чупеска, власта ја демонстрира својата злонамера за целосна партизација и политичка контрола врз правосудната власт.
Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста
Се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието, а една амбасадорка се отповикува во редовна постапка поради завршување на мандатот.
Зголемен бројот противпожарни интервенции, за викендот 60 пожари на отворено
Само за време на изминатиот викенд беа евидентирани 60 пожари на отворен простор, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК