Сојузот на синдикати на Македонија објави дека Меѓународната конфедерација на синдикати во извештајот за 2026 година констатира дека во Македонија се влошени работничките права.
Во извештајот Македонија е во рангот на земјите со систематско прекршување на правата на работниците – односно четврта категорија.
Според ССМ, за разлика од минатогодишниот извештај, оваа година и со вклучени обсервации на сериозни дополнителни прекршувања на правата на работниците и синдикатите и влошени состојби кои резултираа со големи работнички протести, а сето тоа отварајќи го патот Република Македонија полека, но сигурно да се приближува до срамното последно место.
Рангот 5 е за државите каде што работниците немаат гарантирани работнички права.
Слични новости
Ален Берсе, генералниот секретар на Советот на Европа во посета на Македонија
За време на престојот во земјава, генералниот секретар на Советот на Европа ќе се сретне и со највисоките државни претставници, како и со ресорни министри, а планирани се и повеќе активности поврзани со унапредувањето на соработката со оваа меѓународна организација.
Собранието трет пат ќе се обиде да избере член на ДКСК
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интеврјуа со пријавените кандидати по одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата
Пожарот во Визбегово е сеуште активен
Пожарот што избувна вчера во Визбегово сè уште е активен, но е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи. На терен се ангажирани екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на негово целосно локализирање.


