Сојузот на синдикатите на Македонија денеска во 12.00 одржа протест со блокада на Стопанската комора на Македонија.

ССМ бараат зголемување на минималната плата на 600 евра и сметаат дека пари има во буџетот ако функцонерите го намалат луксузирањето.

Доколку не бидат прифатени нивните барања од ССМ најавуваат можност за генерален штрајк.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов изјави дека синдикалците се под притисок и дека луѓето што излегуваат на протести се заокружуваат и се следат.

Слични новости

Зголемувањето на минималната плата на 600 евра ќе затвори многу дуќани, реагираат занаетчиите

Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање на голем број на занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.