Блокбастерот „Срцето на ѕверот“ со Бред Пит и Џ.К. Симонс на премиерниот викенд заработи само 20 милиони долари во САД и го зазеде третото место на Бокс офисот зад реемитувањето на Авенџерс и хоророт Резидент евил.
Студиото Парамаунт е охрабрено од заработката на 30 милиони долари надвор од САД за вкупна заработка од 50 милиони долари на премиерниот викенд.
Филмот е на режисерот Дејвид Ајер со буџет од 82 милиони долари и доби А оценка од публиката и 87 насто од Ротен Томејтоус.
Хоророт Резидент Евил викендов заработи 23 милиони на американскиот пазар со што стигна до заработка од 103 нилиони долари во САД и вкупна заработка од 196 милиони долари за две недели прикажување.
Слични новости
Новиот Спајдермен надмина заработка од две милијарди долари
За време на викендот Спајдермен ја надмина заработката од две милијарди долари глобално, што го прави втор филм кој успеал да оствари таков спекатукаларен резултат за кусо време, и само осми филм на сите времиња што заработил повеќе од две милијарди долари.
„Крајот на улицата на дабовите“ на Ворнер викендов ја имаше светската премиера
Научно -фантастичниот филм со диносауруси на студиото Ворнер „Крајот на улицата на дабовите“ викендов ја имаше светската премиера со солиден успех на кино благајните.
Одисеја на Кристофер Нолан го задржа второто место на Бокс офисот и стигна до 1,3 милијарди долари заработка
„Одисеја“ на Кристофер Нлан и студиото Универзал остана на второто место на американскиот Бокс офис во петтата недела од прикажувањето со заработка од 23,2 милиони долари ширум кината во САД.

