Српскиот репрезентативец Филип Костиќ стана играч на холандскиот клуб ПСВ Ајндховен со кого потпиша договор до јуни 2028 година. Костиќ изјави дека откако уследила поканата да игра за холандскиот шампион немал никаква дилема и дека се чувствува пресреќно.

Костиќ ја почна интернационалната кариера токму во Холандија во Гронинген, а потоа ја продолжи кариерата во Штутгарт, Хамбургер и Ајнтрахт од Франкфурт по што замина за Италија во Јувентус. Последниот тим за кој играше српскиот репрезентативец беше турски Фенербахче.

Костиќ заедно со Ајнтрахт ја освои Лига Европа во 2022, а истата година беше прогласен и за најдобар играч во ова натпреварување.

Слични новости

Кристијан Ромеро премина од Тотенхем во Атлетико Мадрид

Кристијан Ромеро премина од Тотенхем во Атлетико Мадрид

Иако за неговите услуги беа заинтересирани и Арсенал и Барцелона, Ромеро на крај го избра Атлетико Мадрид, а клучната улога во преговорите ја имаше тренерот на Атлетико, сонародникот на Ромеро Аргентинецот Диего Симеоне.