Центарфорот на српката фудбалска репрезентација најверојатно ќе потпише четиригодишен договор со Бешикташ, пишува италијанскиот спортски весник „Газете дело спорт“.
Според италијанскиот весник турскиот клуб му доставил конкретна понуда на српскиот центарфор од 50 милиони евра за четиригодишен договор.
Бешикташ испратил понуда да му исплаќа плата од 10 милиони евра годишно на 26 годишниот Влаховиќ во наредните четири години, плус 10 милиони евра бонус за потпис.
Влаховиќ летоска замина како слободен играч од италијански Јувентус и ако замине во Бешикташ, за прв пат во неговата кариера ќе игра надвор од Италија.
За Влаховиќ интерес покажуваа и Милан и Наполи.
Слични новости
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
