Центарфорот на српката фудбалска репрезентација најверојатно ќе потпише четиригодишен договор со Бешикташ, пишува италијанскиот спортски весник „Газете дело спорт“.
Според италијанскиот весник турскиот клуб му доставил конкретна понуда на српскиот центарфор од 50 милиони евра за четиригодишен договор.
Бешикташ испратил понуда да му исплаќа плата од 10 милиони евра годишно на 26 годишниот Влаховиќ во наредните четири години, плус 10 милиони евра бонус за потпис.
Влаховиќ летоска замина како слободен играч од италијански Јувентус и ако замине во Бешикташ, за прв пат во неговата кариера ќе игра надвор од Италија.
За Влаховиќ интерес покажуваа и Милан и Наполи.
Слични новости
Мемфис Депај останува во Коринтијанс уште две години
Бразилскиот клуб Коринтијанс соопшти дека го продолжил договорот со холандскиот фудбалер Мемфис Депај, пренесува шпанскиот весник „Марка“. Депај ќе потпише нов двогодишен договор со клубот, а одлуката ја одобрил Управниот одбор на Коринтијанс.
Родри нов играч на Барцелона
Каталонците го реализираа спектакуларниот трансфер на летото со освојувачот на златната топка пред две години и лидер на шпанската репрезентација на мундијалот на кој триумфираа.
Кристијано Роналдо го најави крајот на кариерата
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо најави дека претстојната сезона ќе му биде последна во кариерата. Најави дека ќе се обиде да ја достигне бројката од 1000о постиганти голови, пред да се прости од фудбалот.


