Српската полиција и судството во средата го потврдија апсењето на 15 лица за злоупотреба и корупција, меѓу кои и долгогодишниот шеф на Српското електростопанство (ЕПС) и актуелниот челник на белградската општина Обреновац, Милорад Грчиќ, од владејачката Српска напредна партија (СНС).

Постојат сомневања дека ја оштетиле државната компанија ЕПС за повеќе од милион евра со злоупотреба на службената положба и овластување при јавни набавки, изјави главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ.

Медиумите блиски до српскиот претседател Александар Вучиќ веднаш го поврзаа апсењето на Грчиќ директно со неодамнешната најава на Вучиќ за сеопфатна борба против корупцијата во која, како што рече, „никој нема да биде поштеден“.

Во текот на денот следеа дополнителни информации за апсење на група осомничени, а медиумите наведуваат дека се запленети и големи суми пари, накит, часовници и други скапоцени предмети.

Некои обвинети се товарат и за давање и примање поткуп во форма на пари и други подароци, како и за прикривање кривични дела во врска со перење пари, рече обвинителот Стефановиќ, најавувајќи „поведување финансиска истрага против осомничени и лица поврзани со нив“.

Милорад Грчиќ беше на чело на ЕПС кон крајот на 2021 година кога колабираше електричниот систем на Србија бидејќи водечката термоцентрала „Никола Тесла“ во Обреновац горела неквалитетен јаглен помешан со кал, а во горилниците бил додаден мазут за да се постигнат соодветните ефекти за производство на електрична енергија.

Овој колапс го чинеше милиони ЕПС за увоз на струја, а Грчиќ беше разрешен, но набргу потоа беше назначен за претседател на општината Обреновац.

Покрај Грчиќ, денеска беа уапсени уште 14 лица кои се поврзани со злоупотреби во јавните набавки и дослух во коруптивни зделки.

Во серијата реакции предизвикани од неодамнешното апсење на човек кој претходно беше доверлив човек на српскиот претседател, опозицијата оценува дека ова е „кризен пиар“ на Вучиќ со цел да се оттргне вниманието од масовните протести во земјата и многу поголемите корупциски скандали, а во исто време да се создаде илузија на жестока корупција во јавноста.

globe

Слични новости

Мицотакис направи реконструкција на Владата, Герапетритис останува шеф на дипломатијата

Мицотакис направи реконструкција на Владата, Герапетритис останува шеф на дипломатијата

Промени во неколку Министерства меѓу кои и оние за национална економија и финансии, за инфраструктура и транспорт, за енергетика, за миграција итн, направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека пак Јоргос Герапетритис и Никос Дендиас се меѓу министрите кои останаа на нивните позиции, односно во Министерствата за надворешни работи и за национална одбрана

Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори

Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори

Жалбата на романскиот крајно десничарски европскептичен политичар Калин Џорџеску против одлуката да му се забрани да се кандидира на повторените претседателски избори во земјата беше отфрлена во вторникот