Министерот за надворешни работи и надворешна политика Тимчо Муцунски денеска остварил средба со американската амбасадорка Анџела Агелер, на којашто било потврдено стратешкото партнерство меѓу двете земји.
„На средбата го потврдивме силното и стратешко партнерство меѓу нашите две земји, со фокус на зајакнување на демократските вредности, економскиот раст и регионалната безбедност. Партнерство за кое сведочат и билатералните посети на високо ниво, реализирани во изминатиот период“, објави Муцунски на официјалната Фејсбук страница.

Истовремено, додава Муцунски, ја истакнале важноста од поттикнување на економската соработка, привлекување инвестиции и поддршка на иницијативи за унапредување на трговијата и претприемништвото.
„Во фокусот на разговорите беа и безбедносните предизвици, при што ја потврдивме посветеноста на заедничките демократски вредности и стабилноста на Западен Балкан. Заеднички изразивме определба за продолжување на соработката во унапредување на заедничките цели и продлабочување на односите меѓу двете земји“, наведува министерот Муцунски.
Слични новости
Уапсени 11 лица за сомнителни набавки на деривати
Полицијата вчера извршила претреси на повеќе локации во Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, во врска со сомнителните набавки на деривати.
Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката во енергетиката и економијата
Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката преку декларација за стратешко партнерстство и пријателство првенствено со фокус на енергетиката и економијата, а се иницира и укинување на визи за дипломатски и службени пасоши
Спасовски: Наместо реформа во правосудството, власта прави упад во уставниот поредок
Спасовски потенцираше дека реформи во правосудството треба да има, меѓутоа согласно законите и уставните приниципи потенцирајќи дека веќе се подготвуваат неколку законски решенија за системски промени