Премиерот Христијан Мицкоски во рамките на неговата посета на Вашингтон, денеска остварил средба со заменик помошник секретар за Западен Балкан, Александар Касаноф, на која станало збор за европските интеграции и препреките со кои се соочува земјава на тој план.

„Остварив средба со Александар Касаноф кој е заменик помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот. Разговаравме за состојбата во државата, европските интеграции и препреките со кои се соочува земјава на тој план. Имаме идеја, имаме план, Македонија има пријатели!, објави на својата фејсбук страница премиерот Мицкоски.
Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска рече дека ѝ е мило што премиерот и членовите на неговиот Кабинет се повторно во Вашингтон.
„Мило ми е што премиерот и членовите на неговиот Кабинет се во Вашингтон. Фактот што тој е неколку пати таму откако ја презема неговата позиција како премиер, исто како и многу други министри само зборува за близината на нашите односи и на многу начини покажува дека ние како САД и Северна Македонија билатерално може да соработуваме. Очекувам таа соработка да биде зајакната“, рече Агелер во одговор на новинарско прашање по примопредавање на мобилно оперативно возило на Црвен крст.
Слични новости
Подобрена состојбата на еден пациент на ВМА во Белград, тешка кај останатите
Десет лица повредени во пожарот во дискотека во Кочани се хоспитализирани на ВМА од кои шест се на Интензивна нега. Нивната состојба е тешка и многу сериозна.
МПЦ-ОА апелира за достоинствено и христијанско однесување на погребите
На Градските гробишта во Кочани денеска ќе бидат погребани 30-тина загинати од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи во неделата рано наутро. Погреби ќе има и во Скопје, во Штип и во Облешево.
Одреден притвор за седум службеници на МВР
Триесетдневен притвор за седум полициски службеници на Министерството за внатрешни работи од Штип и Кочани определи во средата вечерта Кривичниот суд во Скопје