Припадници на даночната полиција и на Внатрешната служба за приходи, по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград, влегле во повеќе од 50 фирми во различни градови во Србија за да извршат проверка на нивната деловна активност.

Акцијата е во рамки на кампањата за откривање и гонење на корупциски злосторства, утринава, јави РТС.
Според медиумот кој се повикува на добро упатени извори, во моментов под лупа се над 50 фирми, а во наредните денови ќе се вршат контроли во уште поголем број фирми низ Србија.
Слични новости
Руте: Стабилноста на Косово, БиХ и Србија е од заеднички интерес
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека стабилноста во Косово, Босна и Херцеговина и Србија е од суштинско значење за сите
Хрватскиот Сабор донесе закон против високи цени
Со новиот Закон во сила стапуваат и ограничувања на цените на клучни производи и услуги, како и јасно означување на производите со ограничена цена.
Годишната инфлација во Црна Гора во јануари порасна за 2,8 насто
Годишната стапка на инфлација во Црна Гора во јануари порасна на 2,8 од декемвриските 2,1 насто и сега е највисока за последните шест месеци, објави денеска црногорската управа за статистика Монстат.