Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ изјави дека во денешните немири во парламентот се повредени три пратенички, меѓу кои и една која доживеала мозочен удар и се бори за животот, пренесува агенцијата Бета.
„Пратеничката Јасмина Обрадовиќ доживеа мозочен удар кога пратениците од опозицијата фрлија врз неа шок-бомба. Нејзиниот живот е во опасност“, рече Брнабиќ.

На уште една пратеничка, која е во осмиот месец од бременоста, ѝ се слошило а лекарите се борат за животот на детето. Трета е тешко повредена кога „шок-бомба ја погоди во главата“, рече Брнабиќ.
Димни бомби, тепачки и општ хаос го означија почетокот на пролетната седница на српскиот парламент во вторникот, објавија белградските медиуми.
Агенцијата Танјуг пренесува дека нередите избувнале кога пратениците од опозицијата се упатиле кон местото на претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, но обезбедувањето во Скупштината ги спречило да стасаат до неа.
По, пренесува Танјуг, опозициските пратеници запалиле факели во и фрлиле солзавец развивајќи транспарент на кој пишуваше „Србија се крева за да го урне режимот“.
Брнабиќ им порача дека единствениот начин да се запре работата на владејачките пратеници кои работат за напредокот на Србија е „да ги убиеш“.
Ситуацијата во парламентот во меѓувреме се смири, пренсуваат медиумите.

Слични новости
Пакистанските сепаратисти земаа 182 заложници
Безбедносните сили соопштија дека се слушнала експлозија во близина на тунелот и дека имало размена на оган со милитантите во планинската област
ЕУФОР: Распоредуваме воено засилување во БиХ
Военото засилување на ЕУФОР во Босна и Херцеговина почна да пристигнува, потврди во вторникот командата на силите на Европската унија во Сараево
Фон дер Лајен: Урнати се илузиите за европската безбедност
Илузиите за безбедноста на Европа се урнати и Европската унија мора веднаш да почне да инвестира значително повеќе во својата одбрана, изјави во вторникот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во обраќањето пред Европскиот парламент