Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ изјави дека во денешните немири во парламентот се повредени три пратенички, меѓу кои и една која доживеала мозочен удар и се бори за животот, пренесува агенцијата Бета.

„Пратеничката Јасмина Обрадовиќ доживеа мозочен удар кога пратениците од опозицијата фрлија врз неа шок-бомба. Нејзиниот живот е во опасност“, рече Брнабиќ.

 

На уште една пратеничка, која е во осмиот месец од бременоста, ѝ се слошило а лекарите се борат за животот на детето. Трета е тешко повредена кога „шок-бомба ја погоди во главата“, рече Брнабиќ.

Димни бомби, тепачки и општ хаос го означија почетокот на пролетната седница на српскиот парламент во вторникот, објавија белградските медиуми.

Агенцијата Танјуг пренесува дека нередите избувнале кога пратениците од опозицијата се упатиле кон местото на претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, но обезбедувањето во Скупштината ги спречило да стасаат до неа.

По, пренесува Танјуг, опозициските пратеници запалиле факели во и фрлиле солзавец развивајќи транспарент на кој пишуваше „Србија се крева за да го урне режимот“.

Брнабиќ им порача дека единствениот начин да се запре работата на владејачките пратеници кои работат за напредокот на Србија е „да ги убиеш“.

Ситуацијата во парламентот во меѓувреме се смири, пренсуваат медиумите.

globe

Слични новости

Кремљ ја обвинува Украина дека се обидува да ги опструира руско-американските мировни

Кремљ во средата ја обвини Украина дека сака да ги опструира руско-американските напори за решавање на конфликтот, прекорувајќи и дека веднаш не ги прекинал нападите врз енергетската инфраструктура, како што се договорија рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп

Зеленски против отстапките за Русија за помошта од Западот

Зеленски против отстапките за Русија за помошта од Западот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата повика да не се прават „отстапки“ на Русија, која бара прекин на помошта од Западот за Киев пред да се постигне прекин на огнот, најавувајќи дека во среда ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп