Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ изјави дека во денешните немири во парламентот се повредени три пратенички, меѓу кои и една која доживеала мозочен удар и се бори за животот, пренесува агенцијата Бета.
„Пратеничката Јасмина Обрадовиќ доживеа мозочен удар кога пратениците од опозицијата фрлија врз неа шок-бомба. Нејзиниот живот е во опасност“, рече Брнабиќ.

На уште една пратеничка, која е во осмиот месец од бременоста, ѝ се слошило а лекарите се борат за животот на детето. Трета е тешко повредена кога „шок-бомба ја погоди во главата“, рече Брнабиќ.
Димни бомби, тепачки и општ хаос го означија почетокот на пролетната седница на српскиот парламент во вторникот, објавија белградските медиуми.
Агенцијата Танјуг пренесува дека нередите избувнале кога пратениците од опозицијата се упатиле кон местото на претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, но обезбедувањето во Скупштината ги спречило да стасаат до неа.
По, пренесува Танјуг, опозициските пратеници запалиле факели во и фрлиле солзавец развивајќи транспарент на кој пишуваше „Србија се крева за да го урне режимот“.
Брнабиќ им порача дека единствениот начин да се запре работата на владејачките пратеници кои работат за напредокот на Србија е „да ги убиеш“.
Ситуацијата во парламентот во меѓувреме се смири, пренсуваат медиумите.

Слични новости
Остри реакции и страв од нова ескалација по израелските напади врз Газа
Израелските воздушни напади врз Појасот Газа, во кои во вторникот загинаа повеќе од 400 луѓе, наидоа на остра осуда од Обединетите нации и некои земји, кои стравуваат дека кревкиот двомесечен прекин на огнот може да доведе до нова спирала на насилството
Израел го прекина примирјето во Газа, над 250 мртви
Нападите беа пријавени на повеќе локации, вклучително и северна Газа и градовите Газа, Деир ал-Балах и Кан Јунис и Рафах во централниот и јужниот дел на Појасот Газа. Претставници на палестинското Министерство за здравство велат дека многу од жртвите се деца
Украина направила беспилотно летало со кое може да го гаѓа Сибир
Украина успешно тестираше борбено беспилатно летало со дострел од 3.000 километри, тврдеше во понеделникот ноќта украинскиот претседател Володомор Зеленски