Руските сопственици на компанијата Нафтена индустрија на Србија (НИС) го користат својот дел од профитот за финансирање брутална агресија против Украина и загрозување на стабилноста на Балканот и Европа, наместо да инвестираат во иднината на Србија, тврди во соопштението американската амбасада во Белград како одговор на белградските медиуми по најавата за можни санкции против НИС.

По повод најавата дека САД би можеле да воведат санкции за НИС, од американската амбасада не можеле да ја коментираат веста, но посочија дека „одамна е познато дека постои ризик од соработка со руски компании, особено во енергетскиот сектор“.

Можноста новата американска администрација да воведе санкции за НИС ја најави српскиот претседател Александар Вучиќ на 13. декември, наведувајќи дека има „некаков вид официјална потврда“ дека одлуката ќе стапи на сила на 1. јануари поради на руска сопственост во НИС.

Како одговор на Euronews во Србија, амбасадата на САД нагласува дека НИС е „национален ресурс за Србија, но дека руските сопственици користат дел од профитот за финансирање на агресијата против Украина“.

„НИС е скапоцен национален ресурс за Србија кој вредеше повеќе од две милијарди долари во 2008 година, кога Газпром купи повеќе од половина од акциите за мал дел од нивната пазарна вредност, и сега е најпрофитабилната компанија во Србија“, вели американската амбасада во Белград.

Од 2008 година, Нафтената индустрија на Србија е во мнозинска сопственост на руската државна компанија „Газпромњефт“ и нејзината кровна компанија „Газпром“.

Според податоците на Централниот регистар на хартии од вредност, „Газпромњефт“ и „Газпром“ имаат 56,15 отсто сопственост, додека 29,87 отсто се во сопственост на Србија.

Од почетокот на руската инвазија во Украина во февруари 2022 година, Белград одбива да се приклучи на западните санкции против Москва и продолжува да одржува врски со официјални лица во Кремљ.

Во енергетскиот сектор, Србија е доминантно зависна од рускиот гас, но презеде мерки за пренасочување на патиштата за снабдување и добавувачите.

Последниот договор за испорака на гас, што го договорија претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, во екот на инвазијата на Украина во мај 2022 година, трае до март 2025 година.

globe

Слични новости

Околу 7.000 лица лани биле депортирани од Грција или доброволно вратени во нивните земји

Околу 7.000 лица лани биле депортирани од Грција или доброволно вратени во нивните земји

Минатата година околу 7.000 лица кои не добиле азил во Грција биле депортирани или доброволно вратени во нивните земји, додека, пак, од јануари биле вратени над 500 лица, информираше во средат министерот за миграција и азил Никос Панајотопулос

Обвинителството побара од Судот затвор за Додик и 10-годишна забрана за политичка функција

Обвинителството побара од Судот затвор за Додик и 10-годишна забрана за политичка функција

Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска побара од Судот на БиХ да му изрече затворска казна и десетгодишна забрана за вршење политичка функција на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик.

Кипар се соочува со проблеми во снабдувањето со електрична енергија

Кипар се соочува со проблеми во снабдувањето со електрична енергија

Прекинот на работата на одредени блокови поради планирано одржување, дефектите на две станици, но и ниските температури, создадоа проблеми во снабдувањето со електрична енергија во Република Кипар, а како што пишуваат кипарските медиуми во изминатите 24 часа мрежата била зајакната со „проток на струја од окупираните територии“