Србија синоќа беше поразена од Австрија во решавачкото трето коло со 25:24 и со тоа беше елиминирана од натамошното учество на Европското ракометно првенство.

Иако Србија ја победи Германија и со победа врз Австрија ќе се пласираше понатаму, таа загуби од Австријанците, а Германците ја победија Шпанија со 33:29 и се пласираа во осминафиналето.

На крајот прва во групата А е Германија со 4 бода, колку што има и Шпанија, а Србија и Австрија имаат по два бода.

Блесокот на Србите против Германија, се покажа недоволен за да одат во следната фаза.

Слични новости

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен

Ветеранот Новак Ѓоковиќ денеска го победи италијанскиот тенисер Франческо Маестрали со 3:0 во сетови во второто коло на Австралија опенот во Мелбурн. Ова беше 101 -ва победа на Ѓоковиќ на гренд слемот во Австралија.