На деветкратниот убиец, 22-годишниот Урош Блажиќ беше прогласен за виновен откако ланскиот мај уби девет и рани 12 лица во селата Дубона и Мало Орашје во близина на Белград, откако во четвртокот ја призна вината му беше изречена затворска казна од 20 години.
На 20 години затвор за недозволено поседување оружје и тешко кривично дело против општата безбедност е осудена и Радиша Блажиќ, таткото на Урош Блажиќ.
Индивидуалните казни за Урош Блажиќ се 20 години за тешко убиство, 10 години за недозволено поседување оружје, 10 години за киднапирање и 3 години за користење туѓо возило. Единствената казна е 20 години.
Индивидуалните казни за Радиша Блажиќ се – 12 години за недозволено поседување оружје и 10 за тешко кривично дело против општата безбедност – единствени 20 години затвор.
„Врз основа на сите изведени докази, судот донесе првостепена пресуда. Урош Блажиќ ги признал сите свои злодела. Од неговата одбрана, но и од доказите, произлегува начинот на кој ги извршил сите кривични дела кои му се ставаат на товар. Тој со умисла и свесно ги извршил кривичните дела наведени во обвинителниот акт. Кога станува збор за единствената казна, судот беше обврзан со Кривичниот законик и со фактот дека Урош тогаш имал 20 години, што значи дека спаѓа во категоријата на помлади полнолетни лица, поради што не може да биде осуден на максимална казна од повеќе од 20 години.
Урош Блажиќ при преземањето на сите дејствија покажал упорност, непромисленост, бруталност и отсуство на секаква емпатија, оставајќи ги без помош и мирно напуштајќи ги местата каде што ги извршил делата“, изјави судијата при образложувањето на пресудата.
Блажиќ претходно денеска се изјасни за виновен, бидејќи во моментот на делото имаше помалку од 21 година, за стореното дело не е можно да биде осуден на доживотен затвор, туку само на казна затвор до 20 години. Тоа е казната и која на судот му ја предложи обвинителството.
„Обвинетиот Урош Блажиќ е виновен затоа што во неколку села, во разумна состојба, свесен за своите постапки и нивната забрана, при несовесно насилничко однесување зел и се обидел да им ги одземе животите на неколку лица, носел огнено оружје, муниција и мини- експлозивни направи“, рече судијката Лидија Јовановски.
Таа додаде дека убиецот е виновен и за киднапирање под закана за убиство.
Таткото на Урош, Радиша, исто така е прогласен за виновен во судот во Смедерево, бидејќи во неговата резиденција чувал големо количество оружје и муниција, што неговиот син го користел при повеќекратното убиства.
Крвавиот напад на Блажиќ во селата кај Младеновац се случи само еден ден по пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Блажиќ почна со пукање во Мало Орашје, а потоа се упати кон Дубона. Полудениот напаѓач по масакрот побегна, а потрагата по него траеше до раните утрински часови кога беше пронајден на 50 километри, во близина на Крагуевац.
На денешното рочиште пред судот во белград дојдоа и родителите и роднините на убиените во „Рибникар“, за да им пружат поддршка на семејствата на убиените крај Младеновац.
Слични новости
Калас: Сакаме да видиме напредок во процесот на проширување на ЕУ
Западниот Балкан е многу важен за Европската Унија, бидејќи тој географски и припаѓа на Европа и затоа е многу важно да ги унапредиме нашите односи, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел
Кошта: За сите нас проширувањето на ЕУ е приоритет и сме посветени на тоа
Бидејќи припаѓаме на исто европско семејство, делиме континент и што е најважно, заеднички вредности и заедничка историја. Второ, затоа што проширувањето е приоритет за сите нас. Ние веќе сме посветени на проширувањето и сите веруваме дека проширувањето е најважната геополитичка инвестиција во мирот, безбедноста и просперитетот, истакна Кошта.
Герапетритис: Грција, Кипар и Австрија предлагаат одредување специјален претставник на ЕУ за Сирија
Шефот на грчката дипломатија, одговарајќи на новинарско прашање за ситуацијата во Сирија објасни дека Грција има јасна позиција дека „во моментов она што е важно е да се обезбеди транзиција кон демократска нормалност