Фудбалските репрезентации на Србија, Грција и Турција се пласираа во елитната дивизија од Лигата на нации, откако успешно го завршија плејофот.

Србија ја совлада Австрија со 2:0 во Белград, откако првиот меч заврши 1:1. Немања Максимовиќ ги доведе домаќините во водство во 56. минута, а еден од клучните моменти се случи во 68. минута кога гостите останаа без исклучениот Гернот Траунер. Србија ја потврди победата со голот на Душан Влаховиќ во 90. минута.

Србија играше во Лигата А и во последното издание на Лигата на нации, додека Турција и Грција се пласираа од Лигата Б. Турците минатата сезона играа во Б класа, но со две победи во плејофот против Унгарија се пласираа на повисоко ниво на натпреварување, додека Унгарија падна чекор подолу.

По домашната победа од 3:1, Турција победи со 3:0 во Будимпешта за вкупни 6:1. Гостите поведоа во 37. минута со голот на Хакан Чалханоглу од пенал, а само две минути подоцна Арда Ѓулер погоди за 2:0. Конечните 3:0 ги постави Абдулкерим Бардакчи во 90. минута.

Грција загуби од Шкотска со 0:1 пред своите гледачи, но победи со убедливи 3:0 во Глазгов. Во грчкото славје погодија Јанис Константелиас (20), Константинос Карецас (42) и Христос Цолис (46).

Вечерва повторно ќе се сретнат Белгија и Украина, а Украина го доби првиот меч со 3-1.

Се одржа и плејоф за пласман во Лигата Б, во која во следното издание ќе играат Грузија и Косово.

Грузија ја декласираше Ерменија со вкупни 9:1. Грузија како третопласирана од групата Б1 и Ерменија како второпласирана од групата Ц4 играа за место во групата Б од Лигата на нации. Грузијците ја завршија целата работа на првиот меч, победија со 3:0 во Ереван, а во реваншот пред своите гледачи победија со 6:1. Головите ги постигнаа Отар Китеишвили (4, 27), Жорж Микаутадзе (14, 35), Гиорг Чакветадзе (23) и Квича Кваратшелија (62), додека кај гостите погоди Едгар Севикјан (48).

Косово беше подобро во двата натпревара против Исланд. По победата на домашен терен од 2:1, Косово вечерва славеше со 3:1 на гостински терен. Исланд поведе во втората минута со голот на Ори Оскарсон, но гостите го свртеа резултатот на крилата на тројниот стрелец Ведат Муриќи (35, 45+3, 79).

Во финалниот натпревар Ирска вечерва и гостува на Бугарија откако го доби првиот меч со 2:1. Победниците во следното издание ќе играат во Лига Б, а поразените во Лига Ц.

Репрезентацијата на Словенија го обезбеди пласманот во Лигата на нациите Б откако во реваншот од плејофот во Љубљана ја совлада Словачка со 1:0 по продолженијата. Откако двата натпревари завршија без голови, прашањето на победникот беше решено со голот на Адам Черин во 95. минута. Дејан Петровиќ ја нафрли топката, а играчот од средниот ред на Панатинаикос погоди за 1:0. На овој натпревар беа забележано дури 44 шута кон головите, од кои гостите имаа четири повеќе ари, но единствениот гол го постигнаа домаќините.

globe

Слични новости

Кошркарот на Далас Кајри Ирвинг успешно опериран

Кошркарот на Далас Кајри Ирвинг успешно опериран

Ирвинг се повреди на 3 март за време на првата четвртина од натпреварот во НБА против Сакраменто и ги скина предните лигаменти на левото колено. Оваа сезона во НБА лигата имаше просек од 24,7 поени, 4,8 скока и 4,6 асистенции по натпревар.

Џесика Пегула и Арина Сабаленка во женското финале на Мастерсот во Мајами

Џесика Пегула и Арина Сабаленка во женското финале на Мастерсот во Мајами

Американската тенисерка Џесика Пегула се пласираше во финалето на Мастерсот во Мајами откако утринава во полуфиналето ја победи Филипинката Александра Ијала со 2:1 во сетови ( 7:7, 5:7, 6:3). Пегула која е четврта тенисерка на светот се намачи во меч што траеше два и пол часа против Филипинката Ијала која е 140 -та на ВТА листата.