Во Србија од денеска се намалени акцизите на нафтените деривати за 20 проценти.
Владата на Србија донесе одлука за привремено намалување на акцизите за гориво поради зголемување на цената на нафтата на светските пазари.
Мерката на српската влада е привремена и ќе важи до 26 јули. Со оваа мерка цената на безоловниот бензин во Србија од денеска изнесува 57,60 динари за литар, а дизелот 59,23 денари за литар.
Слични новости
Нафтата Брент ја надмина цената од 93 долари
Цената на нафата Брент денеска повторно порасна за 0,36 насто на 93, 47 долари за барел, а американската лесна нафта ВТИ за 0,51 насто на 86,4 долари за барел.
Државниот долг на САД надмина 40 билиони долари
Државниот долг на Соединетите Америански Држави надмина 40 билиони долари, покажуваат најновите податоци на американското министерство за финансии.
Цените на нафтата растат поради новите тензии на Блискиот исток
Цените на сировата нафта пораснаа поради дополнителните тензии на Блискиот исток кои ги зголемија страхувањата од дополнителни пореметувања во снабдувањето со енергентите.


