Српскиот претседател Александар Вучиќ доцна вечерта во саботата изјави дека државата Србија ќе ги издржи сите надворешни удари, а нејзините граѓани наскоро повторно ќе излезат на гласачките кутии, пренесе агенцијата Бета.

 

„Наскоро референдум (за импичмент на претседателот) или избори… каде власта се менува со пенкало“, рече Вучиќ гостувајќи на комерцијалната телевизија Хепи.

Српскиот претседател во текот на неколкучасовно телевизиско интервју побара од студентите од блокадите да се вратат на факултетите, да почнат да студираат и да се насочат кон иднината, а особено им се заблагодари на дел од студентите „кои не подлегнале на влијанието на политичките партии.

Вучиќ им се заблагодари и на сите луѓе кои страдаат од блокадите во сообраќајот, со очекување, како што рече, еден ден да престанат.

globe

Слични новости

Шест илјади луѓе го напуштија Санторини

Шест илјади луѓе го напуштија Санторини

Грчкиот авиопревозник „Aegean Airlines“ соопшти дека превезол 1.294 патници од Санторини до Атина во понеделникот, оперирајќи вкупно девет летови, од кои пет не биле вонредни