Здружението на драмски уметници на Србија ги повика сите свои членови да им оддаваат почит на жртвите од падот на настрешницата на новосадската железничка станица пред нивните театри секоја вечер, 15 минути пред почетокот на претставите, во костими и да ги поддржат студентските протести.

Повикот уследи по масовниот протест во четвртокот вечерта, кога голем број студенти ја блокираа улицата и сообраќајот пред Радио-телевизија Србиај (РТС) и побараа „објективни информации од јавниот сервис за причините за актуелните блокади на факултетите“.

Во сите четири универзитетски центри во Србија, во тек е координираната блокада на ректоратите и на повеќе од 50 факултети и академии за уметност, а студентите бараат објавување на комплетната документација за реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, каде што загинаа 15 лица при уривање на настрешницата на 1 ноември, а две беа тешко повредени.

Студентите бараат и „провокаторите и насилниците кои ги нападнаа студентите и учесниците на претходните протести за време на оддавањето мирна почит на жртвите во Нови Сад, да бидат кривично гонети и да бидат ослободени активистите и демонстрантите уапсени на тие комеморативни собири“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во понеделникот се обиде да ја убеди јавноста и студентите дека некои од нивните барања се исполнети, а дека наскоро ќе ги исполни и другите, особено зголемувањето на државниот буџет за 20 проценти за факултетите, но студентите не видоа во тоа доволна причина за прекин на протестите и блокадите.

Доколку барањата на студентите не се исполнат до 21 декември, актерите најавија дека ќе ги поканат колегите „да преземат понатамошни чекори“.

„Сметаме дека нашата јавна и безрезервна поддршка за студентите треба да трае до исполнување на нивните барања, односно до завршување на блокадите“, велат од Здружението.

Актерите велат дека „како долгогодишни соработници на Радио-телевизија на Србија“ бараат медиумската куќа „вистински, непристрасно, целосно и навремено да ги информира“ граѓаните за барањата на студентите и актуелните блокади на високообразовните институции, „со што ја исполнува својата улога како јавен медиумски сервис“.

Во Нови Сад, Белград и други градови денеска беше организирана акцијата „Стоп за Застани Србија“ со која во 11,52 часот во моментот на паѓање на настрешницата на станицата во Нови Сад со 15-минутен молк веќе традиционално наводно беше оддадена почит на жртвите.

globe

Слични новости

Вучиќ: САД ќе воведат санкции против НИС поради поради руската сопственост

Вучиќ: САД ќе воведат санкции против НИС поради поради руската сопственост

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа најави дека за неколку дена САД ќе воведат санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) поради руската сопственост на компанијата, а на санкциите ќе им се придружат и Британците