Во квалификациската група К по вчерашното претпоследно коло во кое Англија ја победи Србија со 2:0 на Вембли, а Албанија ја совлада на гости Андора со 1:0, Англичаните се први во групата со максимални 21 бод од седум натпревари и гол разлика од 20:0 без ниту еден примен гол во квалификациите.

Албанија обезбеди пласман во баражот како второпласирана во групата, а Србија е без шанси за пласман во баражот, независно од исходот на резултатите во последното коло.

Интересно стана во групата Ф, каде што по победата врз Португалија од 2:0 Ирска има шанси да учествува во баражот. Португалија ќе биде прва во групата, а Ирците имаат шанса да бидат втори доколку ја победат Унгарија на гостински терен во последното коло.

Слични новости

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турските власти наредија во петокот апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широката истрага за местење натпревари, соопштија обвинителите во Истанбул