Потпретседателот на Српската листа на Косово Драгиша Миловиќ денеска изјави дека косовскиот премиер Албин Курти призна дека нема докази дека Србија стои зад нападот на каналот Ибар-Лепенец.

Тој рече дека целта на премиерот Курти била да се предизвика криза за да распореди специјални единици на северот од Косово, но дека КФОР за среќа го одбил овој план.

Миловиќ потенцира дека се се прави за да се обвинат Србите и дека се бара алиби за полицијата да врши претреси во домовите на Србите. Според потпретседателот на Српската листа една од причините за оваа политика на Курти е да го подигне неговиот рејтинг пред изборите на Косово.

Слични новости