Австралиските власти во средата објавија дека полицијата спречила можен голем антисемитски терористички напад.

Приколка натоварена со експлозив била откриена во северозападниот дел на Сиднеј на 19-ти јануари, изјави премиерот на државата Нов Јужен Велс, Крис Минс.

Адресата на тамошната синагога беше во возилото, рече Минс истакнувајќи дека пронајдениот експлозив може да создаде радиус на експлозија од 40 метри, опишувајќи го случајот како „многу сериозна закана“ за заедницата.

Австралиските медиуми објавија дека елитната единица за борба против тероризмот со денови работи на откривање повеќе информации за наводниот заговор за напад. Но, заменик полицискиот комесар Дејвид Хадсон рече дека досега немало апсења директно поврзани со приколката полна со експлозив.

Последниве месеци заележани е зголемен број антисемитски инциденти, вклучувајќи вандализам и подметнување пожари во Сиднеј и други австралиски градови. „Секој чин на антисемитизам е навреда за тоа кои сме ние како Австралијци“, напиша неодамна премиерот Ентони Албанесе на X.

globe

Слични новости

Трамп ја прекинува соработката со Советот на ОН за човекови права

Трамп ја прекинува соработката со Советот на ОН за човекови права

Се очекува американскиот претседател Доналд Трамп подоцна во вторникот да ја прекине соработката на неговата земја со Советот за човекови права на Обединетите нации и да ја продолжи забраната за финансирање на агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци