Три пушки, 20 пиштоли и 5.750 куршуми биле фатени вчера во акција на бугарските и македонските служби. Пратката оружје во шлепер со македонски таблички е запрена на „Капитан Андреево“, граничниот премин меѓу Бугарија и Турција и најголемиот граничен премин во Југоисточна Европа.
Како што соопшти македонското МВР, со брза размена на информации преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија, Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција на македонското МВР спречиле нелегален транспорт на оружје од Република Турција преку Република Бугарија за Македонија.
Имено, во текот на ноќта 24/25.12.2025, по преземени мерки и активности во координација со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија на Граничниот премин „Капитан Андреево” извршен е претрес на товарно возило „Волво“ со македонски национални ознаки, при што во товарниот простор се пронајдени и одземени три пушки, 20 пиштоли и 5750 куршуми.
По целосно документирање на случајот и утврдување на сите инволвирани лица во случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопшти македонското МВР.
Слични новости
Советот на Општина Струга сѐ уште не може да избере претседател
По два месецa од конституирањето, Советот на Општина Струга сѐ уште не може да избере претседател, известува охридската ТВМ
Во Собранието ќе се бираат нови министри
Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница, на чиј дневен ред е и изборот на новите министри за европски прашања и животна средина
Ахмети има нов советник за односите со САД
ДУИ избра нови претседатели на локалните ограноци, како и нови партискиски функционери на седница на Претседателството на партиијата, по конгресот што се одржа викендов


