Мега спојувањето на филмските студија Ворнер Брос и Парамаунт вредно 81 милијарда долари доби одобрение на акционерите, со што овој договор, кој би можел значајно да го преобликува Холивуд и пошироската медиумска сцена на САД, е на чекор поблиску до реализацијата.

Спојувањето на двете најпознати холивудски студија би влијаело и на изгледот на американската забавна сцена.

Огромното мнозинство на акционерите на Воренр гласаа за спојувањето и се очекува целата трансакција да биде завршена за време на третиот фискален квартал.

Во меѓувреме илјадници глумци, режисери, сценаристи и други професионалци од филмската индустрија изразија противење на овој договор со тврдење дека обединувањето ќе доведе до загуба на работните места и помал избор за авторите и публиката.

Слични новости

Мисијата „Артемис II“ на половина пат до Месечината

Мисијата „Артемис II“ на половина пат до Месечината

Екипажот на мисијата „Артемис II“ на НАСА се наоѓа на половина пат до Месечината, откако успешно ја напушти орбитата на Земјата и продолжи кон својата цел. Леталото „Орион“ моментално се наоѓа на повеќе од 228.000 километри од Земјата, а астронаутите ја одбележаа оваа пресвртница со голема радост.