Американскиот државен секретар Марко Рубио во неделата го обвини полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски дека „измислува работи“ и рече дека е неблагодарен, откако Сикорски рече дека Украина можеби ќе треба да бара алтернатива за сателитската услуга Starlinк.
Илон Маск, советник на американскиот претседател Доналд Трамп, во објава на X во неделата рече дека „целата линија на фронтот на Украина ќе се сруши ако го исклучам Starlink“.
Сикорски му одговори, исто така, на Х тврдејќи: „Starlink за Украина го плаќа на полското Министерство за дигитализација околу 50 милиони долари годишно. Настрана од неетичката природа на закана на жртва на агресија, ако SpaceX се покаже дека е несигурен давател на услуги, ќе бидеме принудени да бараме други“.

Во серија објави на X во текот на денот, Маск подоцна рече дека нема да го затвори Starlink во Украина.
„Да бидам крајно јасен, колку и да не се согласувам со украинската политика, Starlink никогаш нема да ги исклучи своите терминали… Никогаш не би направиле такво нешто или не би го искористиле за преговори“.
Рубио му одговори на Сикорски дека тој „измислува“ и дека „никој не ѝ се заканувал на Украина дека ќе ја прекине Старлинк“.
„И кажете благодарам бидејќи без Starlink Украина одамна ќе ја изгубеше војната и Русите сега ќе беа на границата со Полска“, додаде Рубио.
Во посебен одговор на објавата на Сикорски, Маск напиша: „Тивко, мал човеку. Плаќаш само мал дел од цената. И нема замена за Starlink“.
Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи рече дека овозможувањето на услугата Starlink не е добротворен чин од страна на САД и дека Полска плаќа за услугата.
Слични новости
Пакистанските сепаратисти земаа 182 заложници
Безбедносните сили соопштија дека се слушнала експлозија во близина на тунелот и дека имало размена на оган со милитантите во планинската област
ЕУФОР: Распоредуваме воено засилување во БиХ
Военото засилување на ЕУФОР во Босна и Херцеговина почна да пристигнува, потврди во вторникот командата на силите на Европската унија во Сараево
Фон дер Лајен: Урнати се илузиите за европската безбедност
Илузиите за безбедноста на Европа се урнати и Европската унија мора веднаш да почне да инвестира значително повеќе во својата одбрана, изјави во вторникот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во обраќањето пред Европскиот парламент