Синер ја одбрани титулата на АТП Финалето
Како и минатата година, тој го освои завршниот турнир во годината без да изгуби сет
Англија стопроцентна оди на Светското првенство
Англиската фудбалска репрезентација во неделата го потврди пласманот на Светското првенство во 2026 година со победа од 2:0 на гости против Албанија
Португалија обезбеди учество на мундијалот, Ирска во доигрувањето
Фудбалската репрезентација на Португалија во неделата стана 31-от учесник на Светското првенство кое следното лето заеднички ќе го организираат САД, Мексико и Канада
МотоГП: Последната трка во сезоната за Безеки
Италијанецот Марко Безеки на Априлија ја освои Големата награда на Валенсија, последната трка во сезоната во класата МотоГП во светското првенство во мотоциклизам
Махачев е новиот светски шампион во велтер категорија во УФЦ
Рускиот борец Ислам Махачев е новиот шампион во полусредна категорија на UFC откако го победи поранешниот шампион Австралиецот Џек Дело Мадалена на поени во Њујорк
Седми трипл-дабл на Јокиќ од почетокот на сезоната
Кошаркарите на Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс со 123:112 во натпреварот од регуларната сезона на НБА лигата. Никола Јокиќ го оствари својот седми „трипл-дабл“ од почетокот на сезоната
Алкараз првпат а Синер третпат по ред за титулата на завршниот турнир на АТП
Првиот и вториот тенисер на АТП ранг-листата, Шпанецот Карлос Алкараз и Италијанецот Јаник Синер, ќе се борат за трофејот по шести пат оваа година, но првпат ќе играат за титулата на АТП Финалето
Пеликанс го отпуштија тренерот Грин
НБА клубот Њу Орлеанс Пеликанс го отпуштија главниот тренер Вили Грин, објави во саботата извршниот потпретседател за кошаркарски операции Џо Думарс
Оже Алијасим во полуфиналето на завршниот мастерс во Торино
Канадскиот тенисер Фелкис Оже-Алијасим се пласираше во полуфиналето на завршниот мастерс во Торино, откако во последниот меч од групата Б го победи германскиот тенисер Александар Зверев со 2:0 во сетови
Победа на Голден Стејт во Сан Антонио 109:108 со 49 коша на Стеф Кари
Кари во второто полувреме постигна 31 кош, од кои последните два од слободни фрлања шест секунди пред крајот на мечот, кои ја направија разликата во полза на Голден Стејт.
Досега познати 29 учесници на Светското првенство во 2026 година
Бројот учесници на Светското првенство во 2026 година полека се зголемува, од 48-те репрезентации што ќе учествуваат на Светското првенство следното лето, досега се познати 29 учесници
Србија без шанси за учество на Мундијалот, Ирска и Унгарија ќе решаваат за учесник во баражот во директен дуел
Интересно стана во групата Ф, каде што по победата врз Португалија од 2:0 Ирска има шанси да учествува во баражот. Португалија ќе биде прва во групата, а Ирците имаат шанса да бидат втори доколку ја победат Унгарија на гостински терен во последното коло.










