Мајами во Филаделфија до четвртата победа во низа
Кошаркарите на Мајами Хит славеа со резултат од 127:117 на гостински терен кај Филаделфија 76ерс во првиот натпревар од неделната НБА програма, со што ја остварија својата 11-та победа сезонава и четврта во низа
Реал ремизираше кај Елче
Во последниот натпревар од неделната програма во 13-то коло од шпанското фудбалско првенство, Елче и Реал Мадрид одиграа 2:2
Милан подобар во „Дерби дела Мадонина“
Во едно од најголемите дербија во италијанскиот фудбал, 245-то издание на „Дерби дела Мадонина“, Милан како гостин го победи Интер со 1:0
И без Синер и Мусети Италија по третпат го освои Дејвис купот
Италијанската машка тениска репрезентација стана четвртата во историјата што го освои Дејвис купот три години по ред, победувајќи ја шпанската репрезентација со 2-0 во неделниот финален натпревар одигран во Болоња, благодарение на победите на Матео Беретини и Флави Коболи во поединечните натпревари
Арсенал го совлада Тотенхем и ја одржа разликата пред Челзи
Арсенал ја задржа својата предност од шест бода во однос на второпласираниот Челзи со убедливата победа над со 4:1 на својот стадион „Емирати“
Ф1: Диксвалификувани Норис и Пјастри
Водечкиот тандем во горинешното Светско првенство во Формула 1, Британецот Ландо Норис и неговиот клупски колега од Мекларен, Австралијанецот Оскар Пјастри, се дисквалификувани по завршувањето на трката за Големата награда на Лас Вегас
Пистонс ја продолжија својата победничка серија
Детроит Пистонс, водечкиот тим во Источната конференција, ја продолжија својата најдолга победничка серија од 2004 година, кога последен пат ја освоија шампионската титула во НБА лигата
Ф1: Верстапен славеше во Лас Вегас, Норис втор
Актуелниот светски шампион Макс Верстапен (Ред Бул) ја освои Големата награда на Лас Вегас во Формула 1 по вторпат во три години, откако ја искористи несреќата на Ландо Норис (Мекларен) во првиот круг
55 коша на Харден во победата на ЛА Клиперс над Шарлот
Во НБА лига во саботата Лос Анџелес Клиперс забележаа убедлива победа на гости, победувајќи го Шарлот Хорнетс со 131:116
Крис Пол ја завршува кариерата
Големата кариера на еден од најдоминантните плејмејкери во НБА во последните 20 години Крис Пол завршува на крајот на оваа сезона. Според добро упатени извори во НБА лигата Крис Пол ќе ја заврши кариерата на крајот на оваа сезона, која е негова 21-ва во НБА лигата.
Спектакл во Њукасл и пораз на Манчестер сити 2:1
Во денешното дернби на 12. коло на Премиер лигата Њукасл во сензационален натпревар го победи Манчестер сити со 2:1. Херој на Њукасл беше Харви Барнс кој ги постигна двата гола за Њукасл, иако претходно промаши две стопроцентни шанси.
Нотингем Форест сензационално го победи Ливерпул на гостински терен со 3:0
Медиумите во Англија пишуваат дека Ливерпул по овој пораз е се подалеку од можноста да ја брани титулата, затоа што во последните 7 кола освои само 3 бода и се наоѓа на 11-тото место на табелата.











