Компанијата Парамаунт Скајденс соопшти дека прифатила да се одложи спојувањето со медиската групација Ворнер Брос Дискавери до први јуни 2027, односно до завршување на судската остапка по тужбата на државните обвинители кои бараат забрана на трансакцијата вредна 110 милијарди долари поради сомнеж дека ја нарушува пазарната конкуренција.
По објавувањето на оваа информација, акциите на Парамаунт и на Ворбер Брос паднаа на берзата.
Парамаунт порача дека е подготвен на суд да докаже дека спојувањето е добро за конкуренцијата, авторите и публиката, што веќе го заклучија некои регулатори и очекува судот да пресуди во нивна полза.
Тужбатапротив спојувањето на двете филмски студија ја предводи државниот обвинител на Калифорнија Роб Бонта, кој на 13 јули поднесе тужба до судот наведувајќи дека реализацијата на спојувањето би ја укинало конкуренцијата во Холивуд.
„Незаконското спојување на овие два гиганти на забавната индустрија би довело до повисоки цени, понизок квалитет и помал број на содржини за филм и телевизија, што би ги погодило кината, дистрибутерите на кабелска телевизија и на крајот публиката“, изјави Бонта кога ја поднесе тужбата.
Слични новости
Американските акции паднаа по неочекуваниот раст на бројот на вработените во САД
Тоа ги зголеми проценките дека Федералните резерви би можеле да ги зголемат каматните стапки на наредниот состанок, пренесе Си Ен Би Си.
Цената на сировата нафта благо падна на околу 95 долари за барел
Цената на сировата нафта Брент благо падна под влијание на тензиите меѓу Иран и САД на околу 95 долари за барел, но на неделно ниво порасна за околу 8 насто, што е највисоко поскапување од средината на јули.
Цените на нафтата во пад поради намалениот ризик од пореметување во снабдувањето
Американската лесна нафта ВТИ се движи по цена од околу 83 долари за барел, додека Северноморската нафта Брент е на ниво од околу 88 долари за барел.


