Вселенската компанија „Спејс Икс“ на Илон Маск се подготвува да достигне фантастична вредност од 800 милијарди долари, со што би станала неприкосновен лидер меѓу приватните компании на глобално ниво, пишува „Њујорк тајмс“.

Весникот пишува дека до скокот на вредноста на компанијата ќе дојде поради продажбата на инсајдерски акции по цена од 421 долар по акција. Овој потег ќе ја промовира компанијата на Маск далеку над проценката на Опен АИ, гигантот во областа на вештачката интелигенција чија вредност е проценета на околу 500 милијарди долари.

„Спејс Икс“ најавува подготовки и за можна понуда во текот на наредната година што дополнително би можело да ја подигне вредноста на компанијата.   

Слични новости

ЕУ привремено воведува царина од три евра за мали пакети од Кина

ЕУ привремено воведува царина од три евра за мали пакети од Кина

Министрите за финансии на земјите членки на Европската унија во петокот постигнаа привремен договор за воведување фиксна царина од три евра за мали пакети, која ќе се применува од 1-ви јули 2026 година и најтешко ќе ги погоди кинеските онлајн трговци

Европските берзи растат втор ден по ред

Во петокот во претпладневнот тргување цените на акциите пораснаа втор ден по ред на европските берзи, по вчерашниот раст на њујоршки Волстрит, каде што индексите Dow Jones и S&P 500 достигнаа рекордни нивоа

Доларот и натаму под притисок, раст на цените на нафтата

Доларот и натаму под притисок, раст на цените на нафтата

На валутните пазари, вредноста на американскот доларот во раното претпладневно тргување во петокот во однос на кошничката валути останува под притисок откако американската централна банка ги намали каматните стапки, и е на пат да впише загуби трета седмица по ред