Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Русија и Украина Кит Келог се противел на состанокот меѓу Трамп и Зеленски во овалната соба, сметајќи дека нивниот однос најпрво треба да биде зацврстен. Си-Ен-Ен јавува дека тимот на Зеленски инсистирал на средбата во Белата куќа и покрај советот на Келог.
Келог изјави дека Зеленски на состанокот постапил „на најлош можен начин, оддавајќи впечаток дека е непопустлив. Тоа не мина добро, а сите во просторијата се почувствуваа навредени. Сега Зеленски самиот мора да најде начин како да ја поправи оваа ситуација, ние не може да му помогнеме“ изјави Келог.

Средбата меѓу Трамп и Зеленски, на која присуствуваше и потпретседателот Џеј Ди Венс мина во напната атмосфера и караници, за на крајот Зеленски да биде исфрлен од Белата куќа без да одржи прес-конференција и без да биде постигнат договор.
Скандалозната дискусија во Белата куќа која беше пренесувана од телевизиските камери стана вирална и најкоментиран настан во светот на социјалните мрежи.
Трамп на својата мрежа Трут Сошиал објави дека Зеленски „покажал непочитување кон САД во Белата куќа“. Европската Унија и другите сојузници на Украина застанаа зад Зеленски.
Слични новости
Трамп добил „позитивни пораки“ од Москва за примирјето во Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека американски официјални претставници се упатуваат во Русија на разговори за американско-украинскиот договор за 30-дневен прекин на огнот и за патот кон мировните преговори
На самитот на Г7 нема да разговара за американското „преземање“ на Канада, вели Рубио
Американскиот државен секретар Марко Рубио во средата изјави дека на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од групата Г7, планиран да се одржи во четврток во Канада, нема да се разговара за „преземањето на Канада“ од страна на САД, како што повеќепати споменуваше американскиот претседател Доналд Трамп
Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски
Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии за руски, изјави во средата украинскиот претседател Володимир Зеленски, ден откако во саудиска Џеда неговите претставници го прифатија американскиот предлог за триесетдневно примирје во војната со Русија